Претседателката на Специјалното обвинителство за Косово во Хаг, Екатерина Трендафилова изјави дека ќе осигура правдата да биде задоволена. Таа истакна и дека работата на Судот, одлуките и пресудите „ќе зборуваат сами за себе“.
„Специјалните обвинителства функционираат без нечие влијание и мешање, политичко или какво било друго. Обвинителствата и нивните судии се независни, не постапуваат според ничии упатства и работат според законот. Тројцата раководители и сите судии дадоа свечена изјава дека својата должност ќе ја извршуваат независно и непристрасно. Секое кршење на таа обврска ќе подлежи на релевантни дисциплински механизми“, истакна Трендафилова во интервју за „Политика“.
Во притворот во Шевенинген се наоѓаат седуммина команданти и ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои е и Хашим Тачи.
„Постојат обиди да се поткопа легитимитетот на Судот во Хаг, но тоа не е ништо ново и секогаш ќе постои. Нема да влегуваме во никакви политички дебати, туку ќе се сконцентрираме само на она што му е мандат на Специјалното обвинителство за Косово, а тоа е да обезбедиме правдата да биде задоволена“, нагласи таа.