Mинистерот за здравство Венко Филипче денеска порача дека за ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана. Тој на Фејсбук напиша дека на денешниот состанок со директорите на здравствените домови од целата држава разговарал за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19.
Вакцинацијата, според него, ќе се одвива во вакцинални пунктови во здравствените капацитети низ државата.
„Поставуваме посебен модул на коронавирус вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, но, бидејќи е нова вакцина ќе се организира едукативен тренинг“, напиша Филипче.