Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор.
„Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања“, рече Ахмети во изјава за Канал 5 телевизија.
Тој порача дека очекува оти Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.
„Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата, ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот за членување во Европската унија“, рече Ахмети.