Американскиот претседател Доналд Трамп на митинг во Џорџија упати неосновани тврдења за претседателските избори минатиот месец во име на републикански сенатори кои се натпреваруваат во вториот круг што ќе одреди која партија ја има власта во Сенатот.
Трамп, кој сè уште не го признал поразот, со недели предизвикува сомнежи во интегритетот на изборите и го искористи собирот за да ги повтори лажните тврдења за изборите, на кои победи неговиот противкандидат Џо Бајден. Тој пред проддржувачите порача дека изборите биле наместени.
Од приближно 50 тужби покренати од кампањата на Трамп и неговите сојузници, над 30 досега се одбиени или откажани, главно поради недостаток на докази, според Асошиејтед прес. Една од најновите поднесени тужби се обидува да ги поништи изборните резултати во Џорџија.