Звукот на амбулантното возило кое често се слуша низ скопските улици потсетува дека многу луѓе секодјневно се борат за здив и живот. Го живееме десеттиот месец од пандемијата со коронависурот што го зафати светот. Македонските здравствени власти постојано посочуваат дека ситуацијата е под контрола и дека болниците засега можат да го издржат напливот на заразени но и хронично болни кои имаат потреба од лекување. Граѓани на социјалните мрежи се жалат дека тешко доаѓаат до преглед а уште потешко до болнички кревет. На социјалните мрежи беше објавено видео од пациентка која ја прикажа гужвата пред тријажниот центар во скопската болница „Осми септември“.
Коментарот на постот на социјалната мрежа Фејсбук беше дека „обичните смртници потешко доаѓат до преглед“, дека со саати чекаат за прием на минусни температури. Пациентката што го објави видеото напиша дека со упат чекала два дена по три часа за да направи ренген на белите дробови затоа што имала бронхит. Но, на крај си платила во приватна болница за таквиот преглед.
Дел од здравествените работници со кои разговаравме велат дека причините за таквата слика пред болничките врати е изнемоштеноста на персоналот од една страна и нетрпението на граѓаните од друга страна кои чекаат да бидат прегледани и примени.
Видете и ова: Македонија на 8 место во светот по смртноста од Ковид -19Сликата во државната болница во Скопје е поинаква. Два дена по ред ја посетувавме и не забележавме гужви пред тријажните центри. Но, проблемот за пациентите таму е да добијат преку матичните лекари „мој термин“ затоа што сите се веќе зафатени за речиси десетина дена однапред.
Зголемениот број на новозаразни ги наполни болничките кревети на инфективните одделение со пациенти заразени со ковид 19. Своите кревети за ковид пациенти ги отстапија и многу други болници и клиники каде што вкупно во скопските болници се лекуваат речиси 500 ковид пациенти. Во другите градови во болница лежат околу 800 заболни од коронавирусот
Екипата на Радио Слободна Европа го посети ковид приемниот центар на клиниката за невролгија каде што се хоспитализирани околу 40 пациенти За да се заштитиме од болеста на екипата и беше потребно речиси половина час да ја облече целата опрема за да може да ја премине зелената и жолтата зона и да влезе во црвената каде што се хоспитализиани ковид пациентите. На медицинскиот персонал чии замор се гледа на нивниот лик и кој не придружуваше ова му е редовна пракса и за тоа му беа потребни десетина минути, време за кое дел од пациентите треба да почекаат за да може еден болничар да стигне до нивниот кревет а при тоа да биде заштитен.
Добредојде во ковид центарот на болницата за неврологија ни посака главната медицинска сестра Јасмина Коруновска. Таа вели дека болничко лекување добиваат пациенти кои чуствуват посилни симптоми како изнемоштеност, висока температура неколку денови но и оние кои имаат отежнато дишење и имаат потреба од кислородна поддршка за да им се олесни дишењето.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Еден од пациентите кој се согласи пред камера да го сподели своето искуство со болеста е 62 годишниот Ацо Камчев. Тој бил примен преку мој термин во ковид центарот по неколку дневна изнемоштеност, и сега вели дека состојбата му е подобрена.
„Чувствував слабост истоштеност, ми направија редовни проверки и компјутерска томографија. Самото лекување продлжи без никаков проблем, персоналот беше во целост посветен на својата работа не само на мојот случај туку на секој од пациентите, се чуствувам релативно добро благодарение на самата нега и на персоналот. Гледам една раздвиженост една професионалност не само кон мене туку и кон сите пациенти кои лежиме во оваа болница“, вели Камчев.
Лекарска визита на неврологија прават доктори од пулмологија, а напомош им дојдоа и доброволци од воената академија. Медицинскиот персонал кој се грижи за болните вели дека во центарот на неврологија добиваат кислород и потребна терапија за да се изборат со коронавирусот. Овој ковид центар хоспитализира пациенти во последниве месец дена , па за персоналот ова е сосема нова здравствена проблематика со која сега се справуват. Главната сестра Коруновска вели дека имаат доволно искусен персонал.
„Како и сите ковид центри така и ние се справуваме, тежината на работата е сосем друго од она што било претходно на неврологија, затоа што сега справуваме со сосема друга проблематика, меѓутоа сестрите и докторите на неврологија се сосем искусни и влегоа во таа шема и системот на работа. За нас е нешто постресно, нешто ново за нас, нешто поемотивно од претходно“, вели Коруновска за Радио Слободна Европа.
Стравот од непознатото кое со себе го носи ковид-19 покрај граѓаните го чуствува и медицинскиот персонал.
„Сите сме исплашени и персоналот е исплашен но и и пациентит. Но, кај нас секогаш преовладува со она смирено љубезно, со трпение, мора да има обострано трпение иако пациентите доаѓаат со глад за воздух, имаме концетратори на кои веднаш се приклучуваат на килсородна подршка, им се пружа првата помош на пациентите и неккао успеваме да справиме со целата ситуција“, вели Коруновска.
По десет месеци пандемија, медицинскиот персонал е уморен.
„ Работата е иста секаде, заморот се чуствува, но психичкиот момент врши поголем замор отколку физичкиот, пробуваме да се справиме и со тоа“, вели Коруновска.
Недостаток на кадар и на медицински капацитети се клучните проблеми во македонските болници. Во внатрешноста на земјата овој проблем е поизразен, особено поради недостигот на инфектолози. Во изминативе недели бројот на новозаразени нагло се зголеми во Прилеп, речиси три илјади заболени и над130 починати. Градскиот татко Илија Јованоски кој по професија е ортопед, повторно го облече белиот мантил и влезе во инфективното прилепско одделение да волонтира. Јованоски вели дека како волентер придонесува во ковид одделенијата каде се хоспитализирани околу 100 пациентите со тоа што помага таму каде што има потреба.
„ Моето одење е наутро во визита со еден од колегите, учествувам во целокупната работа каде што има потреба, ако има итен случај, ако има потреба да се стави инфузија, да се смени катетар или да му се даде чаша вода на пациент“, вели тој.
Во прилепската болница има четворица инфектолози од кои еден е на боледување затоа што се заразил со ковид-19. Јованоски на помош ги повика и матичните лекари.
„ Матичните лекари ќе се приклучат на мојот повик и на кризниот штаб. За жал, излезе помала бројката од тоа што очекував, морам да признаам. Но во секој случај тие што се пријавија во овој момент се доволно за почеток, во понатамошниот тек верувам дека ќе се пријават уште некои“ .
Битолската општа болница се најде на удар на медиумите, откако на социјалните мрежи беа објавени слики и сведоштва на пациенти кои неколку часа примале инфузија во соба во која биле оставени две тела на починати пациенти од коронавирус. Директорката на државниот санитарен и здравствениот инспекторат докторката Ирена Сотирова Бухова изјави дека е наложено на ковид центарот во Битола да обезбеди посебна просторија за починати или пак да се прошири болничката мртовечница.
„Наложено и е на директорката да обезбеди адекватна просторија или проширување на морга која ќе одговори на потребите во овај момент. Во однос на изолираноста на пациентите со паравани, истите се веќе поставени и задоволени се основните критериуми почитувајќи ги правата на пациентите и правото на приватност“, изјави Бухова.
Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно хигиенските услови.
„Овој дел од болницата пред почетокот на пандемијата беше планиран за комплетно реновирање и преименување во геријатриски центар. Но порадаи наплив на пациенти, овај дел од болницата е отворен за употреба, освен споменатиот санитарен јазол. Во моментот е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање на истиот“, рече Бухова.
Лекување во болница или дома-предизвиците од справувањето со Ковид-19 во Тетово
Инфективното одделение при тетовската клиничка болница претставува мал засебен објект со малку кревети па сега кога е највисок бројот на заболени од Ковид-19, тешките случаи се хоспитализираат и во Ковид центарот кој е проширен на двата од вкупно петте ката во соседната зграда на интернистичкиот блок. Многумина кои чекаат за преглед пред инфективното одделение се во неизвесност дали ќе бидат примени на болничко лекување, а има и поплаки од луѓе дека лекарите им рекле наместо во болница, да се лекуваат дома.
Докторот Гзим Нуредини кој е координатор на Ковид центарот вели дека стигнале до нив поплаките но дека инфектолозите се тие кои одлучуваат за хоспитализирање согледувајќи ја сатурацијата односно нивото на кислород во крвта, други параметри од крвната слика, рентен снимка и слично.
„Можеби како на медиуми ви се јавуваат. И мене ми се јавуваат пријателите: Па нема кој да го прими. Но ако дошол некој, а кашла и има бронхит, можеби пред една година го примиле за да го иследат. Сега не очекувајте со еден фарингит и бронхит да ве прими инфективно одделение“, вели Нуредини.
Иако се бара од луѓето поради коронавирусот што побргу да дојдат на лекар, според него не секогаш има потреба од хоспитализација.
„Јас ги разбирам пациентите и тие се во паника нормално сите сакаат на време да дојдат. Фактички ова е парадоксално. Бараме навреме да ни се јават порано, и сега а сега викаме зошто дошле покасно. Како и да е тие, верувајте лекарите се таму и работат, доаѓаат од дома, макотрпно работат и гужва има и администрација има многу работа верувајте, не може и тоа да се запостави“, потенцира тетовскиот лекар.
Според докторот во тетовската болница не се проблем бројките околу капацитетот со кревети и персонал, си оглед на големиот број објекти во центарот. Сепак признава дека медицинскиот персонал со потешкотии се справува со болеста и пациентите во граница на можностите.
„Јас сакам да ви кажам организациски е навистина тешко. Во последно време имаме и во изолација вработени. Имаме и позитивни. Правиме и пре-реорганизација и тоа малку го отежнува. Али како и да е ние функцинираме, за да е лесно не е лесно. Сега ние сме во дилема да затвориме некое друго одделение но тоа не би било логично оти и таму има итни. Можеби ентузијастички ќе затвориме све за Ковид и во ред. Ама не е и така. Имаме и интервентна кардиологија, болести за уво, нос и грло, очни пациенти, таму има повреди. Ќе видиме како ќе биде“, посочи тој.
Според Нуредини тетовската болница од април има поставено централен довод на кислород кој сега се користи за третман на болните поради коронавирусот.
На кумановската општа болница и недостасуваат технички персонал
Светлана Антиќ Јовчевска
И покрај голем број пациенти кумановската Општа болница во овој период успешно се справува со ковид кризата. Единстваен и голем проблем е недостаток на технички персонал, вели директорката Снежана Захариева. Ова го потврдуваат и дел од лекуваните пациенти.
„Во дефицит сме со техничкиот персонал, тоа го нагласувам, бидејќи кислородните боци што мора да се носат до секоја соба, до секој пациент изискуваат поголем број луѓе. Оној болничар што носи крв до лабораторија, да помогне околу пациентите, зашто и негата е составен дел од лекувањето, тие се зафатени со работа со пациентите, а носењето кислородни боци е дополнителна работа. Испративме барање до Министерството за здравство за дополнување на планот за вработување, но не зависи тоа само од таму, туку оди преку Фондот, преку Министерството за финансии, така што чекаме повратен одоговор“, вели Захариева.
Според неа проблеми со испорака на кислород моментно нема, оти недостатокот со регулатори и манометри за кислородни боци набавиле преку јавна набавка и дел преку донации.
„Имаме доволна количина, нема опасност болните да останат без кислород.Кревети има, функционираат три оддели, покрај Инфективното одделение, уште два оддели се како ковид центри. На Инфективниот оддел имаме 18, а на другите два имаме по 25 кревети, така што имаме и слободни кревети, дневно по 10-15 слoбодни места, зависно од испишани и новопримени пациенти“, вели таа.
За медицинскиот персонал Захариева вели дека се добро екипирани, организирани во смени, односно дежурства. Покриени се со општи лекари, специјализанти,интернисти, невролози,инфектолози и лекари секундарци.
„Медицински сестри се ротираат од различни оддели, за сега функционира добро. Сите веќе се вклопија. Во секој тим со подолго работно искуство, тие се како лидери на смена, но сите рамноправно работат.“
Кумановци кои се лекувале во Општата болница генерално ја коментираат добрата организација и коректниот однос на медицинскиот персонал, со по некој исклучок. Се јавува незадоволство поради стравот и напнатоста на пациентите, што за вака ненормална состојба може да се рече дека се нормални такви реакции.
Сузана Латкоска која се уште се лекува во дневната болница и Весна Петковска која со сопругот се лекувала пред еден месец, го раскажуваат нивното „ковид искуство“.
„Многу сум пријатно изненадена од односот со секој пациент. Стрпливи и внимателни се дури и новите што работат. Мислам дека минатата недела бевме 70 и со сите таков коректен однос уште повеќе ме прави благодарна до Инфективното одделение. Особено што се најдов во многу тежок период“, вели Латкоска и додава дека иако на вработените понекогаш им се забележува хроничната измореност, сепак се однесуваат како што тоа доликува на нивната професија.
Петковска која десеттина денови со сопругот се лекувала вели дека добиле соодветна нега.
„Соодветен ангажман од сестрите, лекарите. Некогаш бевме веднаш услужени, некогаш требаше да почекаме. Некогаш помалку, некогаш повеќе невроза. Сепак, тие максимално се ангажираат и даваат поддршка“, вели таа.
Од друга страна пак, здравствените власти постојано велат дека работите се под контрола и дека има доволно слободни болнички кревети, а во меѓувреме долгонајавуваните 16 нови модуларни болници кои требаше се далеку од готови, засега само 4 ќе бидат поставени до крајот на годинава.
„Ковид центри ќе се постават во сите болници, општи и клинички, а приоритет се одредуваат според капацитетите на болнички кревети, зафатеноста, и така натаму. За жал, целиот проект касни заради блокадата која што ја имавме од опозицијата,од за мене неразбирливи причини. Ако тоа не се случеше, сите 16 града ќе ги имаа овие ковид центри“, изјави неодамна министерот за здравство Венко Филипче.
За опозицијата пак проблемот е во властите и во нивното неодговорно менаџирање на здравствената криза.
„Во македонските болници владее целосен хаос, беживотни тела оставени во простории во ходници, во чекалници, целосно безредие во организација на Филипче и Заев“, изјава портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција.
Се уште се чека да почне со работа и поранешната болница на Систина „Мала Богородица “ во која ќе може да се хоспитализираат стотина ковид пациенти а за кои државата си пружи рака со сопствениците на приватните болници кои ќе треба да и отстапат на државата легла и кадар.
„Министерството склучува договори со приватните болници, и очекуваме нацрт-договорот да го даде во ЦУК. Бројката на новозаболени од ковид-19 паѓа, но бидејќи е нова болест и може да се јави итна потребна од болничко лекување и во тој случај Главниот штаб ќе донесе таква одлука“, изјави директорот на Центрот за управување со кризи Стојанче Ангелов, додавајќи дека во болниците во Скопје во моментов има 40 слободни места, а низ земјава над 200.
Сликата со државно управување со приватните болници во Грција е поинаква.
Грчките власти презедоа две приватни клиники и нивниот персонал во северна Грција за лекување на ковид-19, бидејќи државните болници се под притисок поради големиот број на заразени во последните неколку недели. Грчкото Министерство за здравство претходно побара да бидат ставени на располагање кревети во приватните болници за третман на пациенти со ковид-19, но не беше најдено „заемно прифатливо решение“.
Грчките власти презедоа две приватни клиники и нивниот персонал во северна Грција за лекување на ковид-19, бидејќи државните болници се под притисок.
Во одделот за интензивна нега во болницата Папаниколау во Солун, медицинска сестра ја држи раката на пациент со ковид-19, штотуку ставен на вентилатор, велејќи: „Вие сте на одделот за интензивна нега, имавте проблем со дишењето, не можете да ми зборувате во моментот затоа што имате цевка во устата, ќе ја извадиме и ќе можете да разговарате, дали можете да ме разберете? “
Алармантен наплив на инфекции со коронавирус во Солун, вториот по големина град во Грција, го доведува болничкиот систем до своите граници, велат лекарите од една медицинска установа за ковид-19, со оглед на тоа што вториот бран на пандемијата зема замав.
Лекарите и медицинските сестри во болницата „Папаниколау“ работат деноноќно за да можат да ги лекуваат сите пациенти, откако во овој втор бран бројките се зголемија за пет пати од минатата пролет. Креветите во единицата за интензивна нега се скоро полни. Тие стравуваат дека нема да можат да им дадат соодветна грижа на пациентите.
„Верувам дека болниците и системот се веќе на своите граници во овој бран, јас сум навистина многу загрижен за тоа како ќе се одвива ова. Математиката е многу, многу загрижувачка", вели Василис Вуцас, лекар на одделот за интензивна нега.
Повеќе од 150 вработени се ангажирани во целата болница, каде што се лекуваат 152 пациенти со коронавирус. Дури и персоналот е заразен со ковид-19.
„Разликата е во тоа што бројот на пациенти е многу поголем отколку што беше, притисокот за клиниките и единиците за интензивна нега е многу поголем, а она што го видовме до сега е дека возраста е многу пониска отколку што беше - наместо осумдесет- имаме стари од 40, 50 и шеесет години. Како лекар, мојот страв во овој момент е дека бројот на пациенти ќе биде толку голем што нема да можам да ги лекувам сите“, додаде Вуцас.
Објавувањето од страна на производителот на лекови „Фајзер“ за ефикасна експериментална вакцина доаѓа како олеснување, вели докторката на МКУ, Георгија Василиаду, но Вутсас е претпазлив оптимист.
„Откривањето на вакцина од страна на Фајзер секако е позитивен настан, но јас лично сум многу претпазлив за тоа кога ќе дојде, колку ќе биде ефективна, колку од населението ќе биде вакцинирано навреме“, вели Вуцас.
Грција има тринеделно заклучување во цела нација, второ оваа година, во обид да го ограничи ширењето на инфекциите со ковид-19. Во Грција, која има околу 11 милиони жители, потврдени се повеќе од 85.200 случаи на вирус, а 1.350 луѓе починаа од ковид-19. Стапката на позитивност во Солун - процентот на сите тестови на коронавирус кои се позитивни, е 32 проценти. Министерот за здравство Василис Кикиљас во средата во Солун одржа итен состанок со претставници на здравствениот сектор и во болниците на градот беа додадени уште 50 кревети на интензивна нега, во кои има вкупно 233. Опишувајќи ги напорите за совладување на вирусот во Солун како „огромна битка“ , тој апелираше до јавноста да се придржува до мерките и да ги почитува лекарите и медицинските сестри кои неуморно работат.
„Сега, во ова тешко време, под овој притисок, ќе успееме да се справиме, но само ако се запрашаме што не беше во ред и да ги почитуваме овие луѓе. Овие луѓе работат деноноќно со месеци, седум месеци. Тие не „Не знам што е замор, тие не се предаваат“, вели Кикиљас.
Во болницата Папаниколау, персоналот во интензивно ги третира пациентите со вентилатори, велејќи им да не се грижат. „Се надеваме дека нема да излезе од контрола, но исто така сме подготвени и за тоа и нема да заминеме воопшто од тука, нема да одиме дома“, вели Георгија Василија.
Во светов од почетокот на пандемијата со ковид 19 се заразија над 65 милиони луѓе од кои 45 милиони оздравеле, но милион ипол пациенти ја загубиле битката со овој вирус.
Во земјава од со коронавирус се заразија на 60 илјади луѓе од кои бројката на активни случаи деновиве се движи околу 20 илјади. Бројот на починати пациенти од ковид-19 во Македонија надмина 1800. Македонија месеци наназад е прва во регинот по бројката на смртни случаи во однос на жители. Во изминативе денови се најде и меѓу првите десет земји во светот. Со 860 смртни случај на еден милион жители Македонија во моментов е на осмото место. Зад неа од соседството на три места подолу е БиХ со 833 починати и Црна Гора на шеснаестото место со 802.