Бајден ќе побара од Американците 100 дена да носат маски

Избраниот претседател на САД Џо Бајден

Избраниот претседател на САД Џо Бајден ќе побара од Американците да носат маски за неговите први 100 дена на функцијата, откако тој ќе ја преземе власта во јануари во услови на влошена пандемија. „На првиот ден кога ќе бидам инаугуриран, ќе барам од јавноста 100 дена да носи маски ... не засекогаш, само 100 дена“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен во своето прво заедничко интервју со избраната потпретседателка Камала Харис од изборите. Бајден рече дека широко распространетата употреба на маски ќе доведе до „значително намалување“ на вирусот.

Трамп го обвини Бајден за преувеличување на здравствената криза

Избраниот претседател честопати повикуваше на носење маски за време на кампањата. Сепак, тој призна дека претседателот можеби нема законско овластување да издава таква наредба на национално ниво. Здравствените власти на САД велат дека носењето маска обезбедува одредена заштита на лицето што ја носи и помага во намалување на преносот на вирусот од заразени лица. Позицијата на Бајден е спротивна на претседателот Доналд Трамп, кој го минимизираше вирусот, го исмејуваше носењето маска и повика на повторно отворање на економијата.

Трамп во болница, коронавирусот се шири во Републиканската партија

Во октомври, Трамп беше хоспитализиран со ковид-19. Бајден ќе ја преземе функцијата во јануари, кога земјата се подготвува на масовна вакцинација. Во интервјуто, Бајден рече дека ќе биде „среќен“ што ќе се јавно ќе се вакцинира за да покаже дека нема проблеми во врска со ефикасноста и безбедноста на вакцините. Тројца поранешни претседатели - Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон - исто така изјавија дека ќе се вакцинираат јавно за да покажат дека вакцината е безбедна. Избраниот демократски претседател исто така рече дека го замолил д-р Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергија и заразни болести, да остане на таа функција.