Јурова- ЕУ бара начин за санкции за создавачите на дезинформации и лажни вести

Архивска фотографија- Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова рече дека извршното тело на Европската унија ќе предложи санкции за оние кои шират дезинформации и лажни вести за тие да ја „платат цената“. Јурова во интервју за Радио Слободна Европа вели дека блокот мора да се спротистави на ширењето на дезинформациите.

“Создавачите на дезинформациите не плаќаат никаква цена за тоа. Јас мислам дека тоа не може да помине без да платат и затоа ние бараме начин како да се воспостават санкции“ вели Јурова.

Потпретседателката додава и дека тие ќе се обидат да се справат и со надворешното влијание и надворешните актери. Јурова вели и дека санкциите треба да го следат европскиот режим за казни за сајбер криминал кој беше првпат употребен оваа година за замрзнување на средствата и забрана за визи за прекршителите, претежно државјани и компании од Русија, Кина и Северна Кореја.