Трамп со ново видео во кое без докази обвинува за изборна измама

Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави видео во должина од 46 минути со кое ги рециклира своите неосновани тврдења за измама на гласачите на изборите што ги загуби минатиот месец од противкандидатот на демократите Џо Бајден. На видеото, објавено на Фејсбук доцна на 2 декември, Трамп го нарече говорот можеби „најважниот што некогаш сум го направил“, бидејќи тој сугерираше дека Врховниот суд треба „да го направи она што е во ред за нашата земја“ и да го поништи резултатот.

Стоејќи зад говорница со претседателскиот печат, 74-годишниот Трамп ги доведе во прашање резултатите што покажаа дека Бајден зеде рекордни 81 милиони гласови на изборите, 7 милиони повеќе отколку што беа дадени за него, уште еднаш нарекувајќи ги „наместени избори“, иако членови на неговата администрација, вклучително и блискиот сојузник, државниот обвинител Вилијам Бар, постојано изјавуваат дека нема доказ за широко распространета измама на гласачите.

Додека Фејсбук и Твитер, каде Трамп објави врска до видеото, ги етикетираа објавите како проблематични, стотици илјади негови поддржувачи го „лајкуваа“ видеото.