Претседателот на Русија Владимир Путин и нареди на владата следната недела да започне „масовна“ вакцинација за коронавирус, бидејќи Русија се обидува да ја зголеми достапноста и вниманието за својата вакцина Спутник-V. Наредбата на Путин, издадена вчера за време на телеконференција со медицинските институции во Министерството за одбрана, доаѓа во време на постојани прашања за ефикасноста на руската вакцина.
Историски момент: Британија прва во светот ја одобри вакцината на „БиоНТек“ и „Фајзер“
До ова дојде неколку часа откако Британија соопшти дека одобрила вакцина, изработена во заедничка американско-германска соработка, откако клиничките испитувања покажале дека е 95% ефикасна и нуди значителна заштита за постарите луѓе. Путин во август го зачуди светот објавувајќи дека владата ја одобрила првата вакцина за коронавирус во светот. Но, вакцината сè уште не била подложена на клучно тестирање во третата фаза и била дадена само на неколку десетици луѓе. Истражувачите првично објавија малку податоци во јавноста што може да бидат прегледани или испитани од независни научници. Оттогаш, неколку западни биотехнички компании објавија ветувачки, проверливи резултати, вклучувајќи ги Фајзер и БиоНтек - американско-германскиот тим кој стои зад британската вакцина.
Компанијата Модерна ќе побара итно одобрување на нивната вакцина против коронавирусот
Регулаторот на САД, Администрацијата за храна и лекови, ќе размисли за одобрување на таа вакцина на 10 декември. Водечкиот производител на вакцини во Русија, московскиот центар „Гамалеја“, поддржан од државниот фонд за суверено богатство, се залагаа да покажат дека руската вакцина е подеднакво ветувачка како и западните.