Министрите за надворешни работи на НАТО го завршија дводневниот состанок што го трасира патот кон реформите во трансатлантскиот сојуз бидејќи се соочува со двојни предизвици од Русија и Кина, како и со ситуацијата во Авганистан. На состанокот, одржан преку видео-врска како претпазливост против ширењето на коронавирусот, се дискутираше за тоа како алијансата мора да се прилагоди на новите закани, вклучително и „упорно агресивната Русија“ и „подемот на Кина“. Во извештајот на експертска група на 67 страници во кој се дадени сугестиите за тоа како да се рестартира Алијансата, е забележано дека НАТО се соочуваше со една голема закана за време на Студената војна, но оти сега се соочува со двајца „системски ривали“ - Русија и Кина - заедно со „трајната закана од тероризам“.
Османи: Ние сме е рамноправен чинител во НАТО
Говорејќи пред новинарите, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека министрите разговарале за „континуираното воено натрупување на Русија во соседството на Алијансата, како и за контролата на оружјето“. Тој рече дека НАТО го прилагодува својот став за одвраќање „за решавање на дестабилизирачките активности на Русија“, но министрите се согласуваат дека тие мора да продолжат да водат дијалог со Русија.