Американскиот министер за правда Вилјам Бар изјави вечерва дека не констатирал „изборна измама“ доволно голема за да ја поништи победата на Џо Бајден, наспроти тврдењата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп. „Во оваа фаза не видовме измама од обем што може да го промени исходот на изборите“, рече Бар во изјавата за агенцијата АП. Бар рече дека има обвинувања за „систематска измама“; според кои машините биле програмирани да даваат погрешни резултати од изборот. Тој додаде дека неговото и Министерството за национална безбедност ги испитале овие обвинувања и досега не е пронајдено ништо што ги потврдува овие обвинувања.
Трамп: нема да го сменам ставот дека претседателските избори се наместени
Трамп, кој одбива да го признае поразот во неделата ги критикуваше Министерството за правда и федералната полиција дека не му помогнале во борбата за докажување на постоење изборни измами. „Постои растечка тенденција правосудниот систем да се користи како средство за решавање на сите проблеми, а кога луѓето се незадоволни од нешто, чекаат да се појави Министерството за правда“, рече Бар. Министерот за правда, познат по својата лојалност кон Трамп, досега се грижеше да не му противречи на американскиот претседател, потсетува агенцијата Франс прес.