Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот за мешање во Белорусија, Тој ова го изјавил на средбата во Минск со Александар Лукашенко, кој се соочува со повеќемесечни протести поради неговиот спорен реизбор. Илјадници демонстранти кои бараат оставка од Лукашенко излегуваат на улиците во Минск секој викенд од изборите на 9 август, на кои 66-годишниот Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, вели дека го добил шестиот мандат на функцијата. Демонстрантите веруваат дека 38-годишната опозициска кандидатка Свјатлана Циханускаја, која го зазеде местото на нејзиниот сопруг во претседателската трка, е вистинскиот победник. Москва продолжи да го поддржува Лукашенко од почетокот на протестите, со неколку средби меѓу високи функционери од обете страни во последните месеци.
Илјадници Белоруси демонстрираа против Лукашенко, неколку стотици се уапсени
„Мудриот белоруски народ е во состојба да се среди без никакви надворешни поттикнувачки и наметливи понуди за несакана медијација“, рече Лавров. Лукашенко тврди дека западните земји ги организираат демонстрациите и прават заговор за да го отстранат. Лавров рече дека Западот „користи валкани методи на таканаречени револуции во боја, вклучително и манипулирање со јавното мислење, поддршка на силите што се отворено антивладини и промовирање на нивната радикализација“. Западните лидери одбија да ги признаат резултатите од изборите и ја фрлија својата поддршка зад Циханускаја, која ја напушти Белорусија во соседна Литванија поради безбедносни проблеми за неа и нејзиното семејство.