Турски суд изрече 500 доживотни пресуди затвор за обвинети во обидот за преврат

Истанбул

Турски суд изрече повеќе доживотни казни затвор за некои од речиси 500 лица на кои им се суди за обидот за воен удар во 2016 година. Новинската агенција Анадолија јави дека 25 пилоти на Ф-16 се осудени на доживотен затвор под строг режим, а четворица цивили т.н. имами од групата ФЕТО обвинети за пучот добија по 79 доживотни казни затвор. Судскиот процес, во кој се обвинети 475 лица, од кои 365 се во притвор, се однесува на настаните од ноќта на пучот во воздухопловната база Аканчи во Анкара. Базата беше во центарот на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година, бидејќи пучистите воспоставија свој команден центар за координација на нападите. Четворицата „цивилни имами“ и војници се обвинети за кршење на уставот, обид за атентат врз претседателот и намерно убиство на десетици луѓе.

Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах


Според турските власти, групата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен со седиште во САД стои зад обидот за државен удар. Во пучот загинаа повеќе од 250 лица, а околу 2.200 беа повредени. Движењето на Ѓулен е заведено како терористичка организација во Турција.