Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја официјализира победата на избраниот претседател Џо Бајден, иако вети дека ќе продолжи да се бори против изборните резултати. „Секако, ќе го направам тоа. И вие го знаете тоа“, рече Трамп на 26 ноември, на новинарско прашање во Белата куќа во врска со признавањето на резултатите од Изборниот колеџ.
Трамп помилува екс советник кој се изјасни виновен во истрагата за руското мешање во изборите
Некои републикански законодавци и претставници на Белата куќа претходно изјавија дека Трамп ќе ја напушти Белата куќа на 20 јануари доколку Изборниот колеџ ги потврди резултатите од изборите, но ова беше првпат претседателот да го каже тоа Доколку Изборниот колеџ ги формализира резултатите од изборите, тие ќе „направат грешка“, рече Трамп, додавајќи: „Ќе биде многу тешко да се признае“. Изборниот колеџ, кој го одредува победникот во Белата куќа, ќе се состане на 14 декември за да ја потврди победата на Бајден. Бајден доби 306 гласа наспроти 232 на Трамп во пребројувањето на гласовите на изборите од држава во држава.
Одобрена транзицијата во Белата куќа
Трамп инсистираше на тоа дека „многу работи“ ќе се случат се додека не се потврдат резултатите, бидејќи тврди дека „изборите биле измама“. Трамп не го призна својот пораз на изборите, но неговата администрација на 23 ноември официјално одобри транзиција, расчистувајќи му го патот на Бајден да добие разузнавачки брифинзи и да има пристап до средства, канцелариски простор и можност да се состане со сојузни претставници.