Шахпаска: Чекаме сугестии за законот за „Недела неработен ден“

Министерката Јагода Шахпаска

Законот за прогласување на недела како нербаотен ден е всушност измена на Законот за работни односи во членот 134, каде што дефинираме дека недела е неработен ден, доколку со друг закон или колективен договор поинаку не е решено. Тоа е главана измена која е предвидена во законот за работни односи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа на денешната прес-конференција појасни дека законот е драфтиран и дека е испратен е до сите министерства.

Предлогот недела да биде неработен ден за сите дојде на инцијатива на синдикатите и беше прифатен како идеја од Владата, но не наиде на широко одобрување од работодавците, особено од угостителскиот сектор.

Министерката Шахпаска денеска информираше дека во подготовките имале меѓусекторски и меѓуресорски консултации.

„Очекуваме повратен одговор од министерстава околу нивни сугестии и дополнувања во овој основен системски закон. Но во подготовките имавме консултации меѓусекторски, меѓуресорски, со различни министерства, и очекуваме заеднички да го изградиме ставот во делот на тоа кои дејности, кои области би биле изземени со овој закон“, рече Шахпаска.