Џон Кери го предводи тимот на Бајден во борбата против климатските промени

Поранешниот државен секретар на САД Џон Кери

Поранешниот државен секретар на САД Џон Кери ќе биде одговорен за борбата против климатските промени во тимот за надворешна политика на избраниот американски претседател Џо Бајден. Кери, долгогодишен сенатор од државата Масачусетс, беше шеф на американската дипломатија од 2013 до 2017 година, за време на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател на Соединетите држави. Тој исто така беше кандидат за претседател на Демократската партија на изборите во 2004 година, кои ги загуби од републиканецот Џорџ Буш.

Путин: Пред честитките за Бајден чекаме крај на политичкиот конфликт во САД

Бајден, кој треба да ја преземе функцијата претседател на Соединетите држави на 20 јануари, во моментов избира членови на тимови кои ќе се занимаваат со национална безбедност и надворешна политика. Бајден планира да го назначи блискиот соработник Ентони Блинкен за државен секретар. Со Министерството за безбедност ќе раководи Алехандро Мајоркас, поранешен заменик министер. Победата на Бајден на изборите на 3 ноември сè уште не е официјално потврдена, но водечките американски медиуми го најавија за нов претседател, врз основа на проекциите. Претседателот Доналд Трамп продолжува да одбива да го признае поразот на изборите.