Студентските домови под стегите на пандемијата
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На почетокот од семестарот, надлежните одлучија да ги отворат студентските домови во Скопје, но според протоколи за заштита од ширење на коронавирусот. Тоа значи нема групирање по соби и простории во домот, затворена перална за да не се групираат, носење заштитни маски низ ходниците... Ова доведе и до укинување на познатите забави во дискотеката во студентскиот дом „Стив Наумов“, укинување на забавите на 5-ти спрат во блок А во студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и отсуство на нови познанства. Иако студентското доживување на домовите е на минимум, студентите во поголем дел ги почитуваат протоколите заради своето здравје и здравјето на најблиските. Тие и се задоволни што надлежните им излегоа во пресрет и ги отворија домовите, за да плаќаат помалку за сместување во Скопје и помалку да патуваат до родните краеви.