Нови 35 хоспитализирани поради компликации од коронавирусот

илустрација

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид-центарот на Клниката за Неврологија, седум болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Клиниката за нефрологија, а пет во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 лица.

Нови 1182 случаи на КОВИД-19, 25 починале

Во изминатите 24 часа дома се пуштени девет оздравени пациенти.
Вкупно 474 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до осум часот имало уште слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, се вели во соопштението од Министерството за здравство. Сите инфективни одделенија, потенцираат оттаму, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.