Црногорскиот митрополит ја обвини СПЦ за манипулација со верниците

илустрација

Црногорскиот митрополит Михаило ја обвини Српската православна црква (СПЦ) за непочитување на мерките против коронавирусот и изложување на верниците на голема опасност, но и за манипулирање со датумите на смрт на митрополитот на СПЦ во Црна Гора Амфилохие и на српскиот патријарх Иринеј.

„Оние што тврдеа дека на верски собири не можно заразување со коронавирус, ги изманипулираа верници за политички цели, без да го земат предвид нивното здравје, само за да ја добијат власта на изборите во август, и тоа го направија“, вели Михаило, а пренесува РТЦГ.

Тој додава дека покрај неодговорниот однос на СПЦ кон мерките на Нaционалното координативно тело (НКТ), СПЦ се обидела да ја инструментализира смртта на епископот Амфилохије и патријархот Иринеј, кои починаа од последиците на Ковид, заради како што вели, националистички цели, на длабоко неправославен начин.

Во Белград погребна литургија за патријархот Иринеј

Меѓудугото црногорскиот митрополит тврди дека Српската православна црква ја криела смртта на покојниот митрополит Амфилохије, кој, како што изјави Михаило, починал на 29 октомври.