Федерален судија ја отфрли тужбата на Трамп за изборна измама во Пенсилванија

илустрација

Федерален судија ја отфрли тужбата на претседателот Доналд Трамп за изборната кампања, со која се тој обидуваше да спречи сертифицирање на милиони гласачки ливчиња во Пенсилванија. Пресудата од 21 ноември е последниот удар врз обидот на Трамп да ги поништи резултатите преку низа судски процеси и други маневри. Американскиот окружен судија Метју Бран во својата пресуда напиша дека Трамп користел „правни аргументи без основа и шпекулативни обвинувања непоткрепени со докази“.

„Во Соединетите Американски Држави, ова не може да го оправда правото на исклучување на гласот на еден гласач, а камоли на сите гласачи на шестата најнаселена држава. Нашите луѓе, закони и институции бараат повеќе“, се вели во мислењето на судијата.

Бајден победи и во Џорџија, Трамп бара спас во Изборниот колеџ

Официјалните лица на Пенсилванија сега можат да ги потврдат резултатите од изборите кои во моментов покажуваат дека демократот Џо Бајден ја освоил државата со повеќе од 80.000 гласови. Бајден победи на претседателските избори на 3 ноември со голема разлика од 306 изборни гласови наспроти 232 гласа на Трамп со обезбедување на клучните држави, вклучително и Пенсилванија.