Ангелов: Во земјава нема војна, ќе одговориме на кризата со најминимални средства

Стојанче Ангелов

Главниот штаб за управување со кризи вечерва ја изготви и усвои првата нацрт верзија на Акцискиот план за превенција кој содржи 17 точки.

„Граѓаните треба да знаат дека ништо нема драстично да се смени во државата.Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член“, рече Стојанче Ангелов, раководител Главниот Штаб за управување со кризната состојба.

На состанокот на кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата, за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти, што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба

„Доколку се јави потреба од обезбедување поголем број сили за обезбедување, а МВР ги нема истите, ние можеме да побараме од АРМ, да испратат повеќе луѓе за обезбедување. Но, притоа тоа нема да бидат луѓе кои со оружје ќе се шетат по улица. Во земјава нема војна. Се обидуваме да одговориме на ковид кризата со најминимални средства“, рече Ангелов.

Анѓелов додаде дека и пред неколку недели и месеци државата успешно одговорила на кризата. Според него сега нема потреба од вонредна состојба, туку кризна состојба, а алатките што ги има Владата се слични како во вонредна состојба“, објасни Ангелов.