Нови 1182 случаи на КОВИД-19, 25 починале

илустрација

Нови 1182 случаи позитивни на коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 3109 тестирања. Најмногу заразени има во Скопје-544, а потоа следуваат градовите Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие починале 25 лица.

Вкупно 1292 хоспитализирани, уште 120 кревети во ковид центрите

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485.