За 24 часа хоспитализирани 36 пациенти со ковид 19 во Скопје

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 467 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти, од кои 6 деца и 30 возрасни.

Вкупно 467 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Нови 1237 случаи на коронавирус во земјава, 39 починати

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 25 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“ се наведува во извештајот од МЗ. Од вчера ковид одделенијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети и се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за Ковид-19. Од ресорното министерство информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.