Петмината кандидати кои влегоа во трката за избор на градоначалник на Штип од денеска ја почнуваат кампањата на терен. Поради потребата да се зачува здравјето на граѓаните во услови на пандемија со ковид 19, промоцијата на нивните програми и кои ќе им бидат приоритети ќе ја прават преку медиумите, социјалните мрежи, билборди, а флаерите ќе ги делат на дистанца.
Кандидати за градоначалник се Симон Поликарп од Интегра-Македонска кознервативна партија, Сашко Николов од СДСМ, Трајче Митев независен кандидат, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ и Лазар Наумов од партијата ТМРО.
Обид за одложување на внатрешните препукувања во ВМРО-ДПМНЕ
Изборната кампања почнува од денеска, а ќе трае до 10 декември. Формирани се пет лекарски избирачки одбори за Штип, ковид болните и оние кои имале контакт со нив ќе гласаат на 11, болните и изнемоштени и осудените лица на 12, а на 13 декември е првиот изборен круг. Гласачките места ќе се отворат во 7, а ќе се затворат во 19 часот. Во Штип има вкупно 77 избирачки места, а бројот на гласачите ќе се знае со добивање на доверливиот материјал.