Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија. Ковчегот се наоѓа во средината на храмот и е целосно затворен, а во горниот дел е покриен со стакло. Литургијата ја служи митрополитот дабробосански Хризостом, со сослужение на епископот шумадиски Јован, крушевачкиот Давид и нишкиот Артемије.
Верниците можеа да му оддадат почит на патријархот. По литургијата, телото на покојниот патријарх Иринеј ќе биде пренесено во Храмот „Свети Сава“ во Врачар. Патријархот ќе биде погребан утре во криптата на храмот „Свети Сава“.
Патријархот на Српската православна црква Иринеј почина од последици на ковид-19. На први ноември тој ги предводеше погребот и литургијата на Црногорскиот митрополит Амфилохије кој исто така почина од последици од ковид-19.