Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 1237 случаи на коронавирус во земјава, а 39 луѓе починале од болеста, информира Министерството за здравство. Направени биле 3200 тестирања.
Скоро половина од новите случаи се во Скопје – 506, а потоа следуваат Прилеп со 91, Гостивар со 75, Велес 67, Штип-55, Тетово-51, Струмица-38, Кичево-36, Куманово-34, Струга и Кавадарци по 31, Битола-30, Неготино-29, Охрид-26, Свети Николе-24, Гевгелија-23, Кочани-15, Ресен-13, Крушево-12, Радовиш-11, Крива Паланка-8, Демир Хисар-7, Валандово-6, Кратово-5, Македонски Брод-4, Пробиштип и Виница по 3, Делчево 2 и еден нов случаи во Берово.
Има 39 починати на возраст од 38 до 85 години. Сите освен еден починале во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 52449, бројката на оздравени пациенти е 30952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20035.