Премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места. Тој во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“ убедува дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и на угостителството.
„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и слично, да се овозможи конзумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто.