Северна Македонија не се откажува од разговари со Софија, но нема да преговараме за тоа кои сме и кој јазик го говориме, изјави македонскиот вицепремиер Никола Димитров во интервју за австрискиот весник „Стандард“, по ветото од Бугарија за преговарачката рамка на Европската унија со Северна Македонија.
„Ние му ја должиме на нашиот народ заштитата на своето достоинство и идентитет. Кои сме ние – имено Македонци – и кој јазик го говориме – имено македонски“ – е всушност внатрешно прашање и прашање на самоопределба“, вели Димитров во интервјуто, пренесе МИА.
- Вархеји верува дека Македонија оваа година ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ
- ЕП жали што Бугарија и Северна Македонија се уште не нашле компромис
Димитров нагласува дека земјава има огромна поддршка за старт на пристапните преговори, додавајќи дела германското претседателство со Унијата ќе продолжи да работи на тоа да се одржи прва меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија во декември.
„Ние ќе ја европеизираме Северна Македонија на овој или оној начин“, вели Димитров во интервјуто за „Стандард“, пренесе МИА.