Бајден победи и во Џорџија, Трамп бара спас во Изборниот колеџ

избраниот претседател на САД Џо Бајден

Избраниот претседател на САД Џо Бајден ја освои Џорџија по рачното пребројување на ливчињата. Трамп пак бара да им се одземе овластувањето на гувернерите да назначуваат електори во Изборниот колеџ кој го избира новиот претседател.

Државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер изјави дека „нема сомнеж“ оти државата ќе ја потврди победата на Бајден на 20 ноември.

„Ревизијата е усогласена многу близу до она што го имавме во известувањата за изборната вечер“, изјави тој.

Трамп за Бајден-Победи оти изборите беа наместени

Бидејќи неофицијалните резултати покажаа дека Бајден води пред претседателот Доналд Трамп со мала разлика од околу 14.000 гласови, според законот, државата требаше да направи пребројување на скоро 5 милиони гласачки ливчиња.

Видете и ова: Трамп го разреши одговорниот за безбедност на изборите

Откако државата ги потврди изборните резултати, штабот на Трамп има два работни дена да побара пребројување, бидејќи маргината останува во рамките на 0,5 проценти.

Иако Трамп може да побара пребројување на гласовите, Асошиејтед Прес и американските мрежи јавија дека Бајден сепак победи во Џорџијa.

Бајден беше прогласен за победник на изборите на 7 ноември, откако го надмина прагот од 270 изборни гласови во Изборниот колеџ, потребен за влез во Белата куќа.

Со 16-те изборни гласови на Џорџија, Бајден победи на изборите со 306 наспроти 232 гласа за Трамп.

Победата во Џорџија е најголемо достигнување за демократите, кои не го зазедоа оваа упориште на републиканците откако Бил Клинтон победи на претседателските избори во 1992 година.

Нема докази за компромитирање гласови, тврдат изборните власти на САД

Трамп, кој сè уште не го призна поразот и покрај значителното водство на Бајден, се обидува да го сврти резултатот преку правни битки во неколку држави, тврдејќи, без да обезбеди докази, дека имало изборна измама.

Ваквите непоткрепени тврдења на претседателот и неговите републикански сојузници за изборна измама и напади врз системот се закануваат да ја нарушат довербата на Американците во изборниот процес и самата демократија.

Одделно, федерален судија вчера ја отфрли тужбата на штабот на Трамп со која требаше да се запре сертифицирањето на изборите во Џорџија.

Видете и ова: Бајден предупреди дека администрацијата на Трамп не соработува

Соочувајќи се со низа судски загуби и не можејќи да обезбеди докази за да ги поддржи тврдењата за широко распространети нерегуларности во гласањето, Трамп презема невиден чекор во обид да го поништи процесот на Изборниот колеџ.

Новата стратегија на Трамп е насочена кон одложување на вообичаениот рутински процес на сертифицирање на изборите и убедување на законодавците да интервенираат во негово име во победничките држави на Бајден, а фокусот сега е врз Мичиген и Пенсилванија.

Во Соединетите Држави, станува претседател кандидатот кој ќе обезбеди 270 или повеќе гласа во Изборниот колеџ, кои се распределени на 50-те сојузни држави и областа Колумбија, главно врз основа на нивната популација.

Обично, една држава ги потврдува резултатите и сите државни избирачи гласаат за кандидатот кој го освоил гласот на народот во државата.

Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?

Избирачите ќе се состанат како т.н Изборен колеџ на 14 декември за формално да го изберат следниот претседател.

Сепак, адвокатите на Трамп бараат да им се одземе овластувањето на гувернерите и државните секретари да назначуваат електори.

Џо Бајден

Трамп ги повика републиканските законодавни лидери во Мичиген во Белата куќа на вонреден состанок на 20 ноември со што се зголеми загриженоста дека претседателот се обидува да ги натера државните законодавни тела да назначат избирачи кои ќе ја поништат волјата на гласачите.


Во такво сценарио, законодавниот дом на Мичиген ќе биде повикан да избере електори кои нема да ја потврдат победата на Бајден во таа државата.

Бајден ова го нарече „безобразна“ комуникацијата на Трамп со државните службеници и додаде дека тоа е последниот доказ дека Трамп е меѓу „најнеодговорните претседатели во американската историја“.