Патријархот на Српската православна црква Иринеј почина од последици на ковид-19. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил напиша дека му е чест што го познавал патријархот. „Луѓето како тебе никогаш не заминуваат“, напиша Вучиќ со црно-бела фотографија од патријархот Иринеј. Иринеј беше примен во воената болница Карабурма на 4 ноември, откако за време на редовното тестирање беше потврдено дека има инфекција со коронавирус.
Српскиот патријарх Иринеј, кој има ковид, примен во болница
Откако СПЦ на 17 ноември објави дека состојбата на патријархот е стабилизирана, вчера СПЦ во изјавата наведе дека здравствената состојба на патријархот Иринеј е влошена. На 1 ноември, поглаварот на Српската православна црква Иринеј, ги предводеше погребот и литургијата на Црногорскиот митрополит Амфилохије и во криптата на Катедралата Христово воскресение во Подгорица, на која присуствуваа илјадници верници.