Бајден по пребројувањето на гласовите победи во Џорџија

Избраниот претседател Џо Бајден

Избраниот претседател Џо Бајден ја освои Џорџија откако рачното пребројување на ливчињата го потврди демократот како победник во оваа американската држава на изборите на 3 ноември. Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер изјави дека „нема сомнеж“ оти државата ќе ја потврди победата на Бајден на 20 ноември. „Ревизијата е усогласена многу близу до она што го имавме во известувањата за изборната вечер“, изјави тој.

Трамп се држи до стратегијата за судско оспорување на изборите

Бидејќи неофицијалните резултати покажаа дека Бајден води пред претседателот Доналд Трамп со мала разлика од околу 14.000 гласови, според законот, државата требаше да направи пребројување на скоро 5 милиони гласачки ливчиња. Откако државата ќе ги потврди изборните резултати, штабот на Трамп има два работни дена да побара пребројување, бидејќи маргината останува во рамките на 0,5 проценти. Иако Трамп може да побара пребројување на гласовите, Асошиејтед Прес и американските мрежи јавија дека Бајден победи во Џорџиј.

Како може да изгледа претседателството на Бајден?

Бајден беше прогласен за севкупен победник на изборите на 7 ноември, откако го надмина прагот од 270 изборни колегиуми, потребен за преземање на Белата куќа. Со 16-те изборни гласови на Џорџија, Бајден победи на изборите 306 наспроти 232-те на Трамп. Победата во Џорџија е најголемо достигнување за демократите, кои не го зазедоа оваа упориште на републиканците откако Бил Клинтон победи на претседателските избори во 1992 година.

Трамп го разреши одговорниот за безбедност на изборите

Трамп, кој сè уште не го призна поразот и покрај значителното водство на Бајден, се обидува да го сврти резултатот преку правни битки во неколку држави, тврдејќи, без да обезбеди докази, дека имало изборна измама. Одделно, федерален судија вчера ја отфрли тужбата на штабот на Трамп со која требаше да се запре сертифицирањето на изборите во Грузија.