Мицотакис – Враќање во нормала кога ќе се намали притисокот врз здравството

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Ќе можеме да му се вратиме на нормалниот ритам, само тогаш кога ќе бидеме апсолутно сигурни дека е значајно намален притисокот врз националниот здравствен систем, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од редовната месечна средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, што овој пат, поради карантинот се одржа преку видеоконференција.

Владата има два приоритети: справување со здравствената криза и практична поддршка и солидарност на економијата, општеството, вработените и бизнисите, рече Мицотакис.

„Доколку се придржуваме и продолжиме да ги почитуваме основните превентивни мерки, тогаш апсолутно е сигурно дека ќе се намалат и новите случаи и притисокот врз националниот здравствен систем“, рече Мицотакис.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу вели дека коронавирусот покажа дека е многу опасен и не простува никаква опуштеност.