Ставот на Владата е дека сѐ уште не е дојдено времето за полициски час, бидејќи мерките против ширењето на коронавирусот даваат резултати и ббудно се следи здравствената состојба, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција.
„Сметам дека ставот на Владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час, мерките од здравствен аспект коишто се донесени даваат резултат, но секако ја следиме здравствената состојба и препораките на Комисијата за заразни болести ако е тоа потребно, ние ќе реагираме. Што се однесува до економските последици, тие се поврзани – колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе загубите се очигледни“, рече Битиќи.
Денеска кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува актуелната состојба со ковид-19 во државата и ќе се одлучува за евентуални нови мерки.