Соединетите американски држави ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
„Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, , изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори.
- Димитров - Македонскиот јазик не може да биде пречка за интеграција
- Борисов по ветото за Македонија: Не сме тврдоглави
Во изјавата се вели дека „процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет низ регионот. Одлуката на ЕУ во март, да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија беше позитивен чекор, и го негираше лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот“.
„Одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот“, изјави портпаролот на Стејт департментот, додавајќи дека САД се силен поддржувач на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан.