Претседателот на Русија Владимир Путин посвети внимание на компликуваната ситуација во земјата поради епидемијата на коронавирусот.
Тој на почетокот на виртуелниот состанок со членовите на кабинетот, изјави дека властите постојано внимателно го следат прашњето на епидемиолошката ситуација.
„За жал, нашата ситуација не е едноставна“, рече Путин.
Коронавирусот (SARS-CoV-2) се појави во Кина на крајот на 2019 година и досега во светот се заразени повеќе од 55 милиони луѓе, починаа повеќе од 1,3 милиони, а оздравени се скоро 36 милиони, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Најголем број на заразени се во САД – 11.369.504, во Индија 8.912.907, Бразил 5.911.758, Франција 2.087.183 и Русија 1.954.912.
Во Русија според истиот извор досега се заразени скоро два милиони луѓе, а скоро еден ипол милиони се оздравени, додека починати се 34.068 луѓе.