Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.406 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.398 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се зголеми на 50.015 лица. Починати се 21 пациент во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 1.397 лица.
Во моментов во земјава има 19.035 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Излекувани од почетокот на епидемијата се 29.583 лица.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 627, а потоа следуваат Прилеп со 98, Куманово 73, Тетово 72, Гостивар 84, Велес 55 и Битола 51, Охрид 57...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 398 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 300.200 тестирања на Ковид-19.