Нашата позиција не е позиција на тврдоглавост или позиција да ги запреме нашите најблиски пријатели, бугарската позиција е принципиелна и ги одразува очекувањата на сите бугарски граѓани, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашното бугарско вето на преговарачката рамка на Европската унија и Северна Македонија.
„Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме со нив, многу внимателно им објаснивме до каде можат да одат нашите компромиси. Подготвени сме да ги продолжиме разговорите“, напиша Борисов на фејсбук.
- Влада: Нема потреба од лидерска, нашите позиции се јасни
- Што по ветото од Бугарија, лидерска или парламентарна дебата?
Тој вели дека жали што во Скопје „не била покажана посветеност, туку дека Севрна Македонија сметала дека „со притисок и лобирање може да се натера Бугарија да ја смени својата позиција“.