Филипче и директорите на клиниките бараат места за ковид пациенти

Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче утринава се сретнал со директорите на Интерните клиники, при што била разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите, соопшти Министерството за здравство.

Според соопштението, во моментов на интерните клиники има околу 20-тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за очни болести, каде ќе можат да се сместат 33 пациенти, информираат од Министерството.

„Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не ја намалиме ниту редовната програма на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба“, изјави Филипче.