Трамп го намалува нивото на војската во Авганистан, но не ја повлекува целосно

Авганистан, илустрација

Претседателот на САД Доналд Трамп нагло ќе го намали бројот на американските сили во Авганистан од 4.500 на 2.500 пред да ја напушти функцијата, објави синоќа Пентагон. Со тоа тој не го оствари ветувањето дека до Божиќ целосно ќе ги повлече американските војници од таа земја. Одлуката на Трамп да се ограничи на делумно повлекување за првпат ја објави Ројтерс во понеделникот. Пентагон го потврди повлекувањето и исто така наведе скромно повлекување на силите во Ирак што ќе го намали нивото на војската на 2.500 припадници.

Трамп прашувал за опции за напад врз ирански нуклеарки

Критичарите велат дека повлекувањето на Авганистан ќе ја наруши кревката безбедност и ќе им наштети на тековните мировни разговори меѓу авганистанската влада и талибанските бунтовници. Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел предупреди против големи промени во одбраната или надворешната политика во следните неколку месеци, вклучувајќи и намалување на американските војници во Авганистан.