Претседателот на САД Доналд Трамп го разреши директорот на федералната агенција која ги оцени претседателските избори во 2020 година како безбедни и ги отфрли тврдењата на претседателот за масовна измама.
Трамп на Твитер објави дека го отпуштил Кристофер Кребс, велејќи дека неговата неодамнешна изјава за одбрана на безбедноста на изборите е „многу неточна“.
Трамп за Бајден-Победи оти изборите беа наместени
Твитот, во кој Трамп ги повтори своите неосновани тврдења за изборни „измами“, беше етикетиран како тврдење за изборна измама што е спорно. Отпуштањето доаѓа во момент кога Трамп одбива да ја признае победата на избраниот претседател Џо Бајден.
Нема докази за компромитирање гласови, тврдат изборните власти на САД
Кребс ја управуваше Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура (ЦИСА) од нејзиното создавање по наводите за руското мешање во изборите во 2016 година. Како шеф на ЦИСА, Кребс беше еден од највисоките функционери кои работеа на обезбедување на инфраструктура за гласање против странско мешање и измама. Во минатата недела агенцијата соопшти дека изборите во 2020 година се „најбезбедните во американската историја“.