Премиерот Зоран Заев, вечерва изјави дека Бугарија вето на почетокот на пристапните преговори е „најголемиот пораз за ЕУ и голема неправда“ и оти тоа „лично тешко му паѓа“. Тој во интервју за кабелската Телевизија 21 рече дека нема поинакво објаснување за бугарскиот потег отколку да мисли дека причина за тоа е блискоста на изборите во Бугарија. Заев додаде дела разговорите меѓу Скопје и Софија продолжуваат и оти на нив треба да им се даде шанса во наредните денови, односно дека сè уште постои можност да се постигне договор за време на германското претседателство.
Бугарската блокада, за Скопје, е неуспех на ЕУ, Брисел се надева на решение
Истакнувајќи дека за македонскиот национален идентитет и јазик не се преговара Заев посочи дека и германското претседателство со Унијата и Европската комисија прават напори Скопје и Софија да ги решат спорните прашања што ја мачат Бугарија. „Денес добивме шанса од Советот на министри да разговараме уште некое време. Верувам дека има шанси за успех и верувам дека ќе постигнеме договор за заштита на сите наши национални интереси“, истакна Заев.