Дебар бележи пораст на млади со дијабет

Центарот за дијабет во Дебар

Во општините Дебар и Центар Жупа расте бројот на лица со дијабет и тоа од година во година, велат од Центарот за дијабет кој работи во рамките на општата болница во Дебар. Раководителот на Центарот за дијабет д-р. спец. Аџија Куртовски за Радио Слободна Европа изјави дека вкупниот број на лица кои имаат проблеми со дијабетот е околу 2000, додека пак лицата кои се со инсулинска терапија е нешто повеќе од 500.

„Терапијата болните лица ја добиваат редовно и нема проблеми со обезбедувањето на инсулинската терапија . Исто така и контролите на оваа категорија на болни се редовни“, вели д-р Куртовски и додава дека виден пораст бележи бројот на помлади лица кои се на инсулинска терапија.

Центарот за дијабет, со оглед на состојбата со пандемијата Ковид 19, во контактите особено внимание посветува на укажувањето на дијабетичарите за максималното почитување на мерките за заштита од Ковид 19, велат од Центарот.

Кенан Мимидиноски