Tрамп планира намалување на бројот на американски војници во Авганистан и Ирак

Доналд Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе нареди намалување на бројот војници во Авганистан за скоро 50 проценти, односно на 2500 до 15 јануари, изјави неименуван американски службеник.
Тој потег нема да ја исполни целта претседателот во заминување Трамп да ги повлече сите американски војници до крајот на годината, на што се спротивставија неговите воени и советници за надворешна политика.
Сега во Авганистан има меѓу 4.500 и 5.000 американски војници. Пентагон исто така очекува бројот на американски војници во Ирак да се намали на 2.500, од сегашните над 3.000.

Аларм во Вашингтон - Трамп го реконструира врвот на Пентагон

Тие одлуки не изненадуваат откако Трамп го смени раководството на Пентагон во минатата недела и назначи луѓе лојални кон него кои не се задоволни што американските трупи сè уште се присутни во воените зони. Според планот, намалувањето на бројот на војници ќе заврши само пет дена пред избраниот претседател на САД, Џо Бајден, да стапи на должност.

Трамп се држи до стратегијата за судско оспорување на изборите


Трамп не ја признава победата на Бајден на претседателските избори и тврди дека тие биле наместени во корист на поранешниот потпретседател на Соединетите држави. Иако не цитира докази за кражба на избори, Трамп се обидува да ги оспори резултатите пред федералните судови и најави дека доколку е потребно ќе го вклучи и Врховниот суд на САД.