Бајден предупреди дека администрацијата на Трамп не соработува

Џо Бајден

Избраниот претседател Џо Бајден предупреди дека бројот на жртви во САД од коронавирусот ќе се зголеми доколку претседателот Доналд Трамп не сподели информации со новата администрација пред денот на инаугурацијата на 20 јануари. „Можеби повеќе луѓе ќе умрат ако не се координираме“, рече Бајден на прес-конференција во неговата матична држава Делавер, запрашан за опасностите од недобивање навремени информации од неговиот претходник. Трамп одби да ги прифати изборите на 3 ноември и да сподели критички информации со тимот на Бајден, тврдејќи без докази дека гласањето му било „украдено“. Однесувањето на Трамп е без преседан во модерната американска историја.

Рекордни нивоа на инфекции во САД


Соединетите држави го трпат својот трет и најлош бран на коронавирус со над 130.000 нови случаи на ден. Земјата најверојатно ќе помине 250.000 смртни случаи од ковид-19 до крајот на неделава, што е највисоко на глобално ниво. Две американски компании во текот на изминатата недела објавија дека нивните вакцини се ефикасни повеќе од 90 проценти против коронавирусот, што ги зголемува надежите дека смртоносната болест може брзо да се победи.

Американската Модерна: Нашата вакцина е речиси 95% ефикасна

Компаниите соопштија дека вакцините може да бидат подготвени за дистрибуција за неколку недели. Сепак, Бајден рече дека дистрибуирањето на вакцините - почнувајќи од најзагрозените луѓе - ќе биде „огромен потфат“. Да се чека два месеци за да се добијат детали за плановите од администрацијата на Трамп, би ја одложило дистрибуцијата. Бајден рече дека неговиот тим ги продолжува своите работи и покрај недостатокот на координација со администрацијата на Трамп.