Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од ковид-19, потврдиле за МИА од Министерството за здравство.
Останува апелот за целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.