За нов претседател на Молдавија е избрана прозападната екс премиерка Санду

Маја Санду

Маја Санду, поранешен економист на Светска банка, која се залага за поблиски врски со Европската унија, е победник во вториот круг од претседателските избори во Молдавија, покажаа првичните резултати. Санду освои 57 проценти од гласовите, пред прорускиот актуелен претседател Игор Додон, кој има 43 проценти, со преброени 99 проценти од гласовите, според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија. Приврзаниците на Санду ја прославија нејзината победа во седиштето на Партијата на акција и солидарност. Излезноста на вчерашните избори е поголема од 52 проценти - скоро 10 процентни поени повеќе од онаа забележана за време на првиот круг.

Молдавија бара од Турција екстрадиција на пребеган тајкун


Вчерашните избори се сметаа за референдум за две спротивставени визии за иднината на земјата меѓу Романија и Украина. Санда и Додон, кој е поддржан од рускиот претседател Владимир Путин, се ривали од 2016 година, кога тој ја победи со тесна разлика на претседателските избори. Од стекнувањето на независност во 1992 година, Молдавија е поделена на оние кои се за поблиски односи со ЕУ и поддржувачи на посилни врски со Москва. Додека проевропската коалиција беше на власт во земја со 3,5 милиони жители, во 2014 година, Молдавија потпиша договор за поблиски политички и економски врски со ЕУ.