Трамп се држи до стратегијата за судско оспорување на изборите

Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп продолжува да дава неосновани тврдења дека претседателските избори биле „наместени“ и вети дека ќе покрене повеќе тужби и покрај загубените обиди за поништување на резултатите во повеќе државни судови. Најновите твитови на Трамп укажуваат дека неговите напори да се бори против резултатот биле само почеток и наведе дека многу од досега поднесените случаи, кои главно пропаднале поради недостаток на докази, не биле поднесени од неговиот тим. „Нашите големи случаи наскоро ќе бидат покренати!“, најави Трамп кој претходно без да го користи името Џо Бајден, објави на Твитер „Тој победи затоа што изборите беа наместени“, нешто што Трамп претходно не го имаше кажано јавно. Тој околу 90 минути подоцна напиша: „Тој победи само во очите на медиумите за лажни вести. Ништо не признавам“.


Трамп во прво обраќање по изборите - Оваа администрација нема да воведе блокада

Бајден беше прогласен за победник на 7 ноември од сите големи американски медиуми, откако неофицијалните резултати му дадоа повеќе од 270 гласа во Изборниот колеџ, потребни за да ја освои Белата куќа. Понатамошните резултати во текот на неделата го зголемија неговото водство на 306 гласа додека Трамп има 232.