Лидерите на Европската унија денеска во Берлин треба да одржат специјален самит на кој ќе разговараат за комплицираните односи на Европа со Кина. Средбата се одржува во момент кога Европската унија се бори да се обедини околу нејзиниот став кон Пекинг, особено околу грижата за човековите права и нелојалната трговија. 27-те лидери на последниот самит изразија „сериозна загриженост“ за кршење на правата во Хонг Конг и против малцинствата, се вели во заклучоците од разговорите.
Кинескиот „нов пат на свилата“ поплочен со јаглен на Западниот Балкан
Тие исто така ја повикаа Кина да ги исполни своите ветувања за ограничување на субвенциите кон нејзините компании и ја нагласија потребата од „ребаланс на економските односи“.