Сè поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската унија и покрај позитивната одлука, изјави денеска премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поприлично извесно дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија, на состанокот на Советот на ЕУ во вторник. Но, Заев вели дека тој никогаш не губи надеж бидејќи одговорноста на политичарите е голема предупредувајќи дека ваквата одлука може да предизвика развој на непосакувани настани на двете страни.
„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. Иако е ГАК на 17 рековме до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Струмица.
Очекувам одговорност, потенцира тој, крик на пријателство од бугарската страна заради тоа што кај нас имаат пријатели.
„Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа непосакувано, верувам од двете страни може да развие. Не ни треба тоа, ни треба пријателство, подадена рака заедно да го чекориме европскиот пат, истакна Заев.
Претходно бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева рече дека ќе кажат „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на Северна Македонија во ЕУ. Бугарија верува дека во моментов С Македонија не е подготвена да ги исполни условите за почеток на преговорите, изјави Захариева за бугарската БТВ.