Захариева - Од Бугарија „не” за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Bугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева

„Ние велиме „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на Северна Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската БТВ.

Според неа, Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, поради што, вели, нема начин како Бугарија да каже „да“ во оваа фаза“.

„Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација“, изјави Захариева.

Таа вели дека Бугарија секогаш добро се однесувала кон Северна Македонија и во сите тешки моменти досега и подавале рака. Захариева вели дека ќе продолжат да помагаат и да пружаат рака.